Поставен портален семафорси столб на булеварот Борис Трајковски

од Vladimir Zorba
165 прегледи

По барање на околните жители и зголемување на безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот, екипите на ЈП Улици и патишта денеска поставија портален семафорси столб на булеварот Борис Трајковски на новиот пешачки премин меѓу Усје и поранешна Стаклара, во близина на Усјански канал.

Наскоро ќе биде обележана и хоризонтална сообраќајна сигнализација на овој потег, соопштуваат од Градот.