Во изминатите 24 часа во Хрватска се потврдени 92 нови случаи на коронавирус, така што во моментов бројот на активни случаи е 1.207, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита, а пренесе „Нова.рс“.

На болничко лекување се 153 пациенти, од кои девет се на респиратор.
Нема смртни случаи од коронавирус во последните 24 часа, пренесува Хина.
Од почетокот на епидемијата во Хрватска се заразени 4.345 лица, од кои 120 починале, а 3.018 се опоравени.