Коронавирусот во Црна Гора однесе уште два животa

од Stefanija Kuzmanovska
129 прегледи

Во последните 24 часа во Црна Гора биле потврдени 116 нови случаи на коронавирус, а две лица починале, соопшти Институтот за јавно здравје.

Како што се наведува, тестирани се 720 примероци од последниот извештај.

Починатите пациенти се од Бар и Подгорица, а Институтот наведува дека од почетокот на јуни досега од коронавирусот во Црна Гора починале 23 лица.

Повеќето нови пациенти се од Подгорица (40), потоа следат Никшиќ со 32 и Херцег Нови и Котор со по 10 новозаразени.

Во Црна Гора во моментов има 1.771 активни случаи.

Од почетокот на епидемијата во таа земја, тестирани се 29.632 лица.