Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во мај оваа година, изнесува 26.390 денари, додека во бруто износ е 39.398 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е зголемена за 4,4%.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (23,7%), Образование (12,3%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (8,1%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (15,5%), Градежништво (5,2%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,6%).