Колку луѓе навистина починале во најлошиот месец од пандемијата во Италија

од Aleksandar Petrovski
122 прегледи

Стапката на смртност во Италија во март годинава, најлошиот месец на пандемијата „ковид-19“ во таа земја, беше двојно повисока отколку во истиот месец од претходните години, според истражувањето објавено денес, што значи дека првите проценки на смртност биле ниски.

Италија не беше единствената земја која не ги регистрираше сите смртни случаи поврзани со коронавирус.

Другите студии покажаа дека во Соединетите држави, Перу и Мексико Сити имало и голем број на непријавени смртни случаи од оваа болест, пренесува порталот „Индекс“.

На пример, во Њујорк, бројот на смртни случаи тројно се зголеми во текот на пролетта, но 22 проценти од дополнителните случаи не беа официјално пријавени како „ковид 19“ заради недостаток на тестирања.

За да се пресмета вистинската цена на пандемијата во човечки животи, демографите и другите истражувачи користат не само број на смртни случаи потврдени со тестови, туку и официјална статистика на смртност, заснована врз уверенија за смртни случаи, и ја споредуваат со претходните години, метод што се користи во епидемии на грип.

Резултатот, објавен од американскиот медицински журнал „Jama Internal Medicine“, ги покажа страшните последици од ширењето на вирусот во Италија, првата европска земја што ја доживеа целосната сила на пандемијата.

Италија на 4 април објави дека официјално регистрирала 15.000 смртни случаи од ковид 19.

Според официјалните податоци, 41.239 лица починале во Италија од 1 март до 4 април, приближно 20 000 повеќе отколку во претходните години.
Тоа е 104,5 проценти поголема смртност и укажува на тоа дека повеќе од 5.000 случаи би можеле да исчезнат во сумата што му се припишува на вирусот на корона.

Единствените смртни случаи што тогаш му се припишуваа на ковид-19 беа оние од болниците и, во помала мерка, од старечки домови, што може да ја објасни суштински оваа разлика.

Во Ломбардија, најтешко погодениот италијански регион, бројот на дополнителни смртни случаи е за 173 отсто поголем во однос на претходните години, а само кај мажите 213 отсто.

Слични содржини