Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат неколку улици од општините Сарај, Крапош и Центар. Како што известуваат од ЕВН, утре од 08:00 до 12:30 часот, во општина Центар прекин на електричната енергија ќе има на улицата „Костадин Кирков“.
Од 09:00 до 11:30 часот без струја ќе бидат улиците Гиго Михајлоски бр. 6 и Даскал Камче бр. 1. во општина Карпош, а од 09:00 до 13:00 часот, дел од селото Арнакија во општина Сарај и ул. Серска бр. 18 и ул. Востаничка бр. 31 и 44. во општина Кисела Вода.
Од 12:00 до 15:00 часот струја ќе нема на улицата Петар Поп Арсов во општина Центар, а од 12:30 до 15:00 часот дел од ул. Јуриј Гагарин од бр. 100 до бр. 172, дел од ул.Струшка од бр. 1 до бр. 25 и дел од ул. Козле од бр. 130 до бр. 170. во општина Карпош.