Заврши состанокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ќе направи се што е во негова моќ за да обезбеди мнозинство

од Nikola Popovski
272 прегледи

Пред некои 20-тина минути завршил Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. На седницата, како што објавија дел од медиумите, станало збор и за можните комбинаторики за идно коалицирање.

Комитетот едногласно го овластил Христијан Мицкоски да преговара за идно коалицирање и обезбедување на мнозинство.

Мицкоски во обракањето пред членовите на ЦК изјавил дека ќе направи сè што е во негова моќ да обезбеди мнозинство за состав на новата влада, но власт не по секоја цена.

„Црвените линии се нашите принципи и вредности во кои веруваме а врз кои почива идејата за вмро и современата македонска држава“, изјавил Мицкоски за добил поддршка од присутните изразена преку аплауз.