Заради карантинот не можел да оди на шишање, па направил робот фризер (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
579 прегледи

Во ситуацијата што го зафати светот, пандемијата на коронавирус заклучи голем број на луѓе во нивните домови. Меѓу бројните проблеми што ги предизвика ова беше еден, навидум банален – шишање.

Токму овој проблем го инспирираше еден дечко да направи робот за шишање. Неговиот изум сè уште не е најуспешен, но тој е на добар пат да стане соодветна замена за вистински фризер.

За време на развојот на роботот, се појавија неколку проблеми, како што се: Како да осмислите роботот да реагира на спонтани движења на косата и главата? Потоа, како да се оддели делот од косата што треба да се исече? и слично …

Тој првично осмислил, а набрзо и го напушти, механизам заснован на движењата на два чешлиња, а потоа го замени со едноставно усисување и издвојување на коста која се сече, преносуба „Стартит“.

Овој проект сè уште е во развој, бидејќи неговиот автор сè уште не го решил проблемот како да се приближи до ушите, но тој најави дека, доколку започне со втората верзија, ќе работи на инсталирање на тример што може да пресече и да направи невозможни фризури.

 

Слични содржини