Претседателот на партијата Единствена Македонија и предводник на коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија“, Јанко Бачев поднесе тужба до Управниот суд, откако ДИК го отфрли приговорот за како што вели незаконски избришаното име на коалцијата од гласачкото ливче.
Бачев вели дека доколку имало неправилности при поднесувањето на листите или проблем со името на колацијата ДИК требала во рок од 48 часа да се произнесе и да го извести политичкиот субјект. Коалцијата бара одговорност за повреда на избирачкото право, бидејќи според неа името било избришано незаконски и непосредно пред денот на изборите.
Од оваа коалција тужба до Управен суд следи и за отфрлениот приговор, за неважечките над 24 066 гласачки ливчиња за кои се сомневаат дека се фалсификувани, а требало да завршат на нивно конто.