398
Првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, не сака да го загуби статусот почесен претседател на таа партија и ангажирал адвокатски тим, пишува Поглед.мк.
Тој веќе го подготвува адвокатскиот тим за покренување на тужба против ВМРО-ДПМНЕ во негово име, бидејќи согласно позитивната правна регулатива веќе стекнато право не може да биде одземено.
Со последните измени во статутот на партијата се укинуваат позициите почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Освен Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше и Никола Груевски.