„Влезен билет за преговори со нас се трите договори, затоа што ние така се поставивме во текот на кампањата, дека ДУИ е гарант на трите договори. Јас тоа го нарекувам чувар на трите договори“, рече Бујар Османи за „Топ тема“.
„Многу е важно да имаме гаранција деката таа партија со која ќе влеземе во разговори прво треба да ја реши таа дилема во однос на трите договори. После тоа ќе влеземе со амбицијата за нашиот кандидат за премиер Албанец, другите ќе влезат со нивните кандидати и после тоа ќе видиме како ќе се договориме согласно аргументите што ги имаме на маса“, изјави Османи.
Тој повтори дека би сакале да продолжат во коалиција со СДСМ, што го кажале и пред изборите.