Во центарот на Скопје полицијата денеска избрка градежни работници од објект за кои велат дека нема дозвола за градба. Присутен беше и сопственикот на објектот, Борис Стоjменов кој се скара со полицијата.

Тој за ТВ21 посочи дека хотелот има документи, а обвини и дека му бараат мито од еден милион евра за да можат да продолжат со работа.
„Четири години со платени комуналии, платено се, не може да градиме затоа што бараат милион евра мито. Не им давам мито“, вели Стојменов.
Подоцна се огласи и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ во врска со случајот.
https://www.facebook.com/sasha.bogdanovik/posts/10221458016547371