Ештон Качер бил подготвен да стави крај на својот живот заради неговиот 13-годишен брат близнак

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Холивудската sвезда Ештон Качер (42) е најголемата sвезда во неговото семејство, нема сомнение за тоа, иако може да се направи добар филм за неговата приказна и приказната за неговиот брат близнак.

Оваа приказна сигурно го заслужува целото внимание, таа е многу инспиративна и победничка.

Имено, денес славниот актер и едно од најголемите холивудски имиња, Ештон, има брат близнак Мајкл, кој е само пет минути помлад од него. Иако се близнаци, тие се сосема различни.

Мајкл Качер бил големо изненадување за семејството, бидејќи родителите едвај во доцната бременост откриле дека ќе имаат две бебиња. Помладиот брат бил толку мал што лекарите не верувале дека ќе преживее. Откако бебето се родило, родителите забележале дека Мајкл не се развива со иста стапка како Ештон, а набргу потоа, било утврдено дека тој страда од церебрална парализа. Неколку години подоцна, Мајкл мораше да биде подложен на трансплантација на срце, бидејќи тој, исто така, имал и срцево заболување. Тоа бил тежок период за целото семејство Качер.

За Мајкл било тешко и самото сознание дека ќе се соочи со реалниот свет откако ќе ја напушти куќата.

Ештон секогаш го заштитувал својот „помлад“ брат, толку многу што кога на Мајкл му требала трансплантација на срце на 13-годишна возраст, Ештон сакал да биде донатор бидејќи не можеле да најдат соодветен за 48 часа. Сепак, донаторот на крајот бил пронајден, виталниот орган е трансплантиран на време, а браќата близнаци станаа неверојатно блиски.

Во многу наврати, Ештон зборувал за тоа колку бил тежок овој период за него, како и за фактот дека тој бил подготвен да го заврши својот живот за да го спаси својот брат.

Слични содржини