Марс 2020: Ровер од 2,7 милијарди долари подготвен за лансирање

од Stefanija Kuzmanovska
243 прегледи

На крајот на 2019 година, можеше да се слушне дека роверот „Марс 2020“, кој заминува за Црвената планета до крајот на јули, нема да биде задолжен за пребарување траги на живот, туку неговата главна цел ќе биде да направи космичка патека за идните мисии со човечки екипаж.

Првите успешни тестови беа завршени во декември минатата година, па беше планирано до крајот на јули 2020 година, Perseverance rover да тргне кон Црвената планета. Планирано е да стигне до својата дестинација во февруари 2021 година, а после тоа ќе стане петтиот ровер на Соединетите Американски Држави кој се спуштил на оваа планета. Во роверот се наоѓаат инструменти што ќе се користат за анализа на геолошкиот и хемискиот состав на површината на Марс, а има и 23 камери и микрофони за слушање на марсовските ветрови.

Ровер е со големина на просечен автомобил, а исто како и Curiosity, има шест тркала, што ќе му овозможи полесно да се движи на сложениот терен. Планирано е да премине околу 180 метри во текот на еден Марсовски ден, бидејќи брзината не е приоритет, а се напојува преку минијатурен нуклеарен реактор.

Според најновите вести, роверот успешно ги поминал проверките на 27 јули, по што било заклучено дека е подготвено за лансирање. Тоа значи дека мисијата се одвива според планираното и дека роверот ќе тргне за Марс на 30 јули, што значи дека, доколку се оди непречено, ќе стигне до Црвената планета на 18 февруари 2021 година.

Слични содржини