Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје: Шилегов вети и излажа

од Nikola Popovski
123 прегледи

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје излезе со соопштение во вели дека градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов во мај 2018 година им ветил Златните славејчиња дека во новиот објект ќе го слават 50-годишниот јубилеј.

„Вети и излажа. Ова се зборови на Шилегов. Трета година е градоначалник на градот Скопје и нема никакви оправдувања за неговата неработа. Шилегов даваше ветувања дека Универзална сала ќе биде реконструирана. Влада во Република Македонија трета година е токму неговата политичка опција. Наместо да си ја префрла топката влада-град Скопје, всушност тој ја потврдува неговата изразена неспособност да решава проблеми. Шилегов се однесува како подвоена личност. Еден ден вели ќе ја гради Универзална сала, друг вели ќе ја руши, а третиот лее крокодилски солзи за салата и пак не нуди решение. Сето е доказ за неговата неспособност“, стои во соопштението на советниците.