Следното ажурирање на Windows 10 може дa донесе големи промени

од Stefanija Kuzmanovska
319 прегледи

Следното ажурирање на Windows 10 – 20H2, кое ќе стигне до корисниците пред крајот на 2020 година, требаше да биде само основно ажурирање, а се очекуваше истото што се случи во втората половина на 2019 година – мали измени и безбедносни закрпи. Се чини дека работите ќе бидат малку поинакви, па наместо малите работи, корисниците ќе бидат изненадени од поголеми промени.

Повеќе иновации отколку што се мислeше

„Мајкрософт“ исто така неодамна објави верзија за преглед на ажурирањето на Windows 10 (20H2) и може да се види ново Start мени – само една од поголемите промени. Build 19042.421 на тој начин стигнаа до бета-тестер, така што некои веќе ја искусија новата live tiles верзија и други нови функции. Start менито сепак ќе се разликува најмногу по дизајнот, така што корисниците ќе можат да си играат со боите.

Друга голема промена е како работи Alt-Tabbing во Microsoft Edge, така што корисниците ќе можат да го третираат секој отворен таб како посебен елемент, што ќе придонесе за прегледност, но само доколку корисникот не отвори премногу табови.

Експертите веќе шпекулираат дека овој потег би можел да значи дека Windows 10X нè чека во пролетта 2021 година и дека новите измени се само мал чекор кон нова верзија на оперативниот систем.

 

Слични содржини