Едно лице загина, а 10-годишно дете е повредено во тешка сообраќајка во Преспа

од Aleksandar Petrovski
195 прегледи

Попладнево во Преспа се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице загина, а три се тешко повредени меѓу кои и 10 годишно дете.

Животот во сообраќајката го загубила 60 годишна жена додека детето и маж на возраст од 40-тина години се првично хоспитализирани во битолската Клиничка болница, но поради сериозноста на повредите во моментот се транспортираат на скопските Клиники.

Во болницата во Битола, засега, останува третиот тешко повреден во сообраќајна несреќа кој е на возраст од 60-тина години.

Слични содржини