421
Денеска во Основниот суд во Велес продолжи судењето на поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски.
На рочиштето сведочи Горан Митев, вработен во компанијата која го развивала и одржувала системот АКМИС кој судовите го користат за распределба и водење на судските предмети.
Панчевски е обвинет за злоупотреба на АКМИС системот бидејќи според обвинението со негова наредба се распределувале предмети во периодот од 2013 до 2016 година.