Апасиев и Крмов пристигнаа со велосипеди на првиот работен ден во Собранието

од Берта Китинска
373 прегледи

Пратениците од Левица Димитар Апасиев и Борислав Крмов пристигнаа со велосипеди на првиот работен ден во Собранието каде се одржува конститутивна седница.

„Денес, за прв пат во историјата на Македонија, претставници на угнетената класа станаа полноправни членови на Законодавниот дом! Нашата искрена и бескомпромисна борба за праведна и слободна РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – градена со автентичен политички активизам – денес доби парламентарен облик преку кој ќе поставиме нови стандарди на политичко делување. Борбата за правда е долга и племенита – и истата допрва започнува!“, објави Левица на Фејсбук профилот на партијата.

Слични содржини