ФАУЧИ ДОБИЛ СМРТНИ ЗАКАНИ: Водечкиот американски епидемиолог принуден да ангажира обезбедување

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Водечкиот епидемиолог на САД, д-р Ентони Фаучи, рече дека добил смртни закани заради работата што ја работи, во врска со пандемијата од коронавирус.

Станува збор за закани, изјави Фаучи, кои беа упатени до него, но и на неговото семејство и малтретирање на неговите ќерки, поради што, додаде тој, ќе мора да ангажира обезбедување.

„Зачудувачки е, посакувам да не мораа да го поминат тоа“, рече Фаучи, член на Работната група за коронавирусот на Белата куќа, за Си-Ен-Ен.

Фаучи, кој беше во центарот на јавниот интерес за време на пандемијата, имаше бројни несогласувања во јавноста со американскиот претседател Доналд Трамп.

Слични содржини