412
Димитар Апасиев, од политичката партија Левица која на изборите освои две пратенички места во Собранието на својот Фејсбук профил обајви статус во кој се спореди со Фидел Кастро.
„Првата политичка партија во која учествувал Фидел Кастро е партијата „ОРТОДОКСО“. Во 1948 година Партијата освоила само 2 (две) пратенички места во кубанскиот парламент. Ставот на младиот Фидел бил: „Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење! Коалицирањето ќе ја разводни идеологијата. Од тоа корист ќе имаат само нашите ривали“ p.s. Случајност!? Не би рекол“, напиша Апасиев.