Делегација од Кабинетот на Пендаровски им оддаде почит на армиските резервисти загинати кај Љуботенски Бачила

од Берта Китинска
280 прегледи

Делегација од Кабинетот на Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска положи свежо цвеќе по повод 19-годишнината од загинувањето на осумте армиски резервисти кај месноста Љуботенски Бачила.

Цвеќиња беа положени пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров, пред спомен-обележјето во село Љубанци и во касарната „Илинден“ во Скопје.

Масакрот кај Љуботенски Бачила се случи на 10 август 2001 година во 8 часот наутро кога воен камион на АРМ нагази на две противтенковски мини кај месноста Љуботенски Бачила, при што загина осум припадници на резервниот состав на АРМ. Покрај осуммтеина убиени, имаше и осуммина повредени.

Животите ги загубија бранителите Томе Бадаревски (33), Марјанчо Бошковски (28), Томе Димовски (37), Ивица Златевски (24), Бранко Јанев (36), Раде Јанковски (32), Томислав Настевски (27) и Гоце Чанкуловски (39), сите од Скопје.

Слични содржини