359
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски на денешната прес конференција информираше дека Ахмет на средбата го информирал дека ќе започне преговори со СДСМ бидејќи таа е партијата која победила во македонскиот блок.
„Имавме едночасовна средба со Али Ахмети на која тој ме извести дека ќе започне преговори со СДСМ бидејќи таа е партијата која победила во македонскиот блок. Тој рече дека ќе му даде приоритет на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ води разговори и во оној момент кога ќе има договор за мнозинство ќе ја информираме јавноста“, изјави Мицкоски.