МЗ:Протоколите за градинките ќе бидат доработени од страна на МТСП

од Берта Китинска
318 прегледи

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок побара од Министерството за образование и наука да достави податоци за сите училишта во сите општини во државава и бројот на деца во сите паралелки поединечно, кои се клучни податоци за да се утврди каде евентуално би имало онлајн настава, а дали и каде би било евентуално безбедно да се одвива настава и со физичко присуство, соопшти Министерството за здравство.

На состанокот, како што се посочува во соопштението, во присуство на претставници на Министерството за образование и наука се дискутираше за планот за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година подготвен од МОН, од аспект на безбедност на сите чинители во наставниот процес – учениците, наставниците, помошниот персонал, како и од аспект на спречување на ширење на заразата со коронавирус во училиштата.

На Комисијата за заразни болести беа присутни и претставници на Министерството за труд и социјална политика се разговараше и за протоколите за почеток на работењето на градинките. Заклучокот беше дека дел од протоколите треба да се доработат од страна на МТСП, да се разгледаат и потоа да се донесе одлука во врска со почеток на работењето на градинките.

Беше разгледана и информацијата за воведување на PCR тестови за граѓаните од ризичните земји кои транзитираат низ нашата земја. Засега Комисијата продолжува будно да ја следи ситуацијата и доколку се утврди дека има потреба, не се исклучени дополнителни мерки. Со постојните мерки, граѓаните кои транзитираат низ земјава потпишуваат изјава дека за три часа ќе ја напуштат земјата и не претставуваат опасност за ширење на коронавирусот во нашата земја, се додава во соопштението од Министерството за здравство.

Слични содржини