330
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, објави дека нема да бара пари за патни трошоци како пратеник во македонското Собрание.
„Лично како пратеник нема да користам патни трошоци, ама морам да искоментирам во однос на тоа од СДСМ, џабе откажување од патни трошоци кога ја покрадовте државата и народот!“, напиша Јанушев на Фејсбук.
Претходно денеска од патните трошоци се откажаа претседателот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.