227
Одборот на директори на Македонска берза донесе Одлука за трајно исклучување од членство во берзата на членката Еуростандард банка АД Скопје.
Одлуката е согласно Решението број УП1 08-63 од 13.08.2020 година на Комисијата за хартии од вредност, со кое трајно се одзема дозволата за работа на членката Еуростандард банка АД Скопје.
Одлуката за трајно исклучување од членство во Берзата на членката Еуростандард банка АД Скопје се применува од 13.08.2020 година.