Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на својот Фејсбук профил информираше дека започнато е ново чистење на езерцата во градски парк, места кои се доста посетени од скопјани.
На сликите објавени од таткото на градот се гледа ,,еко-свеста” на граѓаните која не е голема.
„Започнавме (по втор пат годинава) со чистењето на езерцата во Градски парк. Ова е само дел од изваденото ѓубре … Животната средина е право, но и обврска на секој од нас“, стои во објавата на Шилегов.
https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3345179412373300