125
Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи изјави денеска дека ќе биде подобро да се спроведе настава од далечина во делови од САД, каде што стапката на инфекција со коронавирус е поголема од десет проценти.
Фаучи истакна дека примарна позиција треба да биде обидот да се отворат училишта за психолошкото здравје на децата, но за тоа не може да се пристапи еднострано.
„Невозможно е да се даде изјава што ќе важи за целата земја заради стапката на инфекција“, нагласи Фаучи.
Некои американски училишта се затворија скоро веднаш по приемот на учениците, поради големото зголемување на бројот на заразени.
Постојат повеќе од пет милиони луѓе заразени со вирусот во Америка, што е најмногу во светот.