„Пример за нефункционалноста е на пример кога министерот за внатрешни работи ќе апси луѓе кои што вршат поткуп, а обвинителот ќе ги ослободува и истите за кратко време ќе ги видиме како се фотографираат со Зоран Заев или министер за внатрешни работи ќе донесе одлука и ќе именува професионалци, за истите од страна на владата да бидат заменети со партиски војници.
Сето ова точно е дека создава проблем со функционалноста и е мотив повеќе политичките партии и од власта и опозицијата да донесат итно решение чија што задача ќе биде само спроведување на фер и демократски избори. Во спротивно ако со ваква техничка влада ни се случи ваков масовен поткуп, тогаш можеме да замислиме што би се случило на следните парламентарни избори со ваква полна влада на Заев и Ахмети“, изјави Стојаноска.
Таа на денешната прес-конференција кажа дека коалицијата СДСМ-ДУИ не е за напредок на државата, туку за продолжување на лагите, криминалот и корупцијата.
„Коалицијата СДСМ-ДУИ е за продолжување на матните тендери, распродажба на државните интереси за сметка на личното богатење. Македонија нема да види преродба туку стагнација, проблеми и продлабочување на поделбите“, изјави Стојаноска.
