Google бара дозвола од Трамп: Започнува тајно тестирање на 6G технологијата?

од Stefanija Kuzmanovska
156 прегледи

Google побара од одобрението од Федералната комисија за комуникации на САД за „тајно“ да тестира нова генерација на безжичен интернет во САД.


Во барањето се наведува дека Google сака тестирањето да се чува во тајност, бидејќи неговото објавување би предизвикало „значителна комерцијална, економска и конкурентна штета“.

Google предлага да се спроведат експериментално тестирање во опсегот 6 GHz, што би обезбедило важни информации релевантни за употребата на вакви фреквенции при воспоставување стабилна широкопојасна врска. Тестирањето ќе трае до две години и ќе се спроведе во 26 американски градови.

Иако Google е прилично мистериозен кога станува збор за овие тестови, познато е дека тестовите ќе бидат спроведени во фреквентен опсег од 5.650 MHz до 7,125 MHz, што не треба да предизвика проблеми за постојните безжични мрежи, пишува „Business Insider“.

Овој спектар вклучува фреквенции на кои може да се тестира целиот спектар на технологии: од 5G мрежи, преку комуникација помеѓу автомобили до примена на IoT технологија (Интернет на нештата).

Првите рутери, кои би можеле да поддржат 6G Wi-Fi технологија, се очекува наскоро да се појават на пазарот, пренесува Zimo. Тие треба да обезбедат многу побрзи и посигурни врски, кога таа технологија ќе стане се пораспространета.

Кинеските технолошки компании, како што се Huawei и Xiaomi, веќе започнаа со истражување за развој на 6G технологија и можно е да се претпостави дека овој потег на Google беше поттикнат од желбата да се намали кинеската доминација во развојот на мрежната инфраструктура.

Слични содржини