Дел од жителите на Кисела Вода утре и задутре без струја

од Nikola Popovski
203 прегледи

Поради повремени прекини во делот на индустриската зона Пинтија, без електрична енергија утре и задутре ќе останат дел од жителите од општината Кисела Вода.

Како што информираат од РЦУК-Скопје, без струја утре и задутре ќе бидат жителите од делот од семафорите во населба Пинтија до влезот на Драчево, а прекинот ќе трае од 08.00 до 17.00 часот.

Во понеделник, 24 август, од 08.30 до 15.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од викенд населба Орешани во општина Зелениково.

Од 11.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Шар Планина“ од бр. 1 до бр. 30, „Пекљане“ од бр. 1 до бр. 30, и „Бертранд Расел“ од бр. 1 до бр. 30 во општината Ѓорче Петров.