211
Конзолата PlayStation 5 ќе биде пуштена за неколку месеци, но засега не знаеме колку ќе чини. Sony официјално започна со рекламирање на својата конзола од следната генерација, а првата ТВ реклама е наречена „Play Has No Limits“.
Рекламата не открива ништо особено ново, но сугерира дека Sony почнува да создава возбуда кај корисниците на PlayStation 5 кои се очекуваат за време на сезоната на празници.
Иако сè уште не е официјално објавено, се очекува PlayStation 5 да се најде на пазарот во ноември, а со тоа да донесе широк спектар на нови функционалности и карактеристики, според официјалните претставници на Sony.