Странски медиуми: Џорџ и Амал Клуни на суд за развод

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Пред неколку месеци започнаа шпекулациите дека Џорџ и Алам Клуни се разведуваат, а сега парот наводно завршил на суд, јавуваат странските медиуми.

Имено, за време на петгодишниот брак, Клуни успеа да ја скрие приватноста од јавноста, но сепак, сега сè повеќе и повеќе излегуваат информации за нив. Имено, двајцата решија да одат на суд за да постигнат договор за старателство над децата, близнаците Александар и Елa.

Како што се наведува, разводот e поради честите судири на мислења, а странските медиуми пренесуваат дека Џорџ и Амал не можеле да се договорат каде ќе живеат со децата. Додека Џорџ сакал да живее во Холивуд, Амал се определила за Велика Британија.

Како компромисна варијанта, Џорџ ја предложил својата вила на езерото Комо, што целосно ја налутило Амал.

Слични содржини