226
Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко е позитивна за новиот коронавирус и е во сериозна состојба, изјави денес портпаролката на нејзината партија „Татковина“.
Тимошенко (59), која беше премиерка двапати пред да ги загуби претседателските избори во 2010 година, стана првиот висок украински политичар со Ковид-19.
„Нејзината состојба беше оценета како сериозна, а нејзината температура е 39 степени“, рече портпаролката на нејзината партија, но таа одби да каже дали Тимошенко е хоспитализирана.
Оваа недела има голем пораст на заразени во Украина, при што во саботата се пријавени 2.328 нови случаи на коронавирус.
Вкупниот број на заразени достигна 104.958, а бројот на смртни случаи 2.227.