„Од дома си го донела “честерот” и кучето. А со овие на улица шо се шупраиме бе Тина? Дали ти Петре Шилегов знаеш кого постави за директор на ЈП Лајка? Дали знаеш што прави оваа директорица“, прашуваат активистите од Граѓанска иницијатива „Кане Корзо“.
Ти велат дека Тина Петрушевска која раководи со новото јавно претпријатие за улични кучиња „Лајка“ си ја злоупотребува својата функција и поднесува пријави и прави притисок на здружнија, стационари, активисти, ветеринари.
„Еве никој до сега не збори јавно но јас ќе напишам. Секојдневно си ја злоупотребува својата функција и поднесува пријави и прави притисок на здружнија, стационари, активисти, ветеринари. Ја злоупотребува својата позиција секојдневно, неосновани пријави има еден куп и малтретира луѓе. Што е целта? Лајка? Дефинитивно не и е до Лајка туку се лични каприци.Оваа девојка е паталошки лажго и не лаже сите нас дека има свој Азил, а сите знаеме чив е тој Азил Тина. Многу добро знаеме.Само не знаеме зашто таму не пријавиш како се чуваат животните или таму не смееш? Тоа се лични интереси.
Ве замолуваме господин Градоначалник да размислите убаво, каде оваа госпоѓица ги троши парите додека активистите и здружнија активно работат на терен. Година ипол ве мафта и не ни е јасно како уште може.
Затоа ве замолуваме убаво да размислите кого поставивте, како ве оцрнува вас, бидејќи вие ја поставивте и дали сето ова вреди? Дајте ја Лајка на некој способен и некој кој има емпатија кон животните, а не лични интереси“, пишува во Фејсбук објавата на Граѓанска иницијатива „Кане Корзо“.