Јетон Шаќири потврди дека ќе биде именуван за министер

од Aleksandar Petrovski
128 прегледи

Идниот претседател на Владата, Зоран Заев, сè уште не го сменил составот на кабинетот и покрај несогласувањата во партијата на Ахмети.

ТВ21 контактираше со предложениот министер за МИОА, Јетон Шаќири, кој потврди дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети го предложил за оваа функција. Коалициските партнери очекуваат до крајот на неделава да се изгласа и да почне со работа Владата.

Шаќири е професор на Меѓународниот универзитет во Струга, а е избран и во новиот состав на парламентот. Весникот „Коха“ пренесе дека тој е близок на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Главен кандидат за министер за информатичко општество беше досегашната заменичка во Министерството за финансии, Ширет Елези, но таа не доби поддршка во Централниот совет на партијата.