Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со претставниците на Сојузот на средношколци кои имаа можност да присуствуваат на состанок на Комисијата за заразни болести.
„Им ги презентиравме извештаите со деталната состојба на Ковид-19 во земјава, но најважно од се‘ дискутиравме за периодот на имплементација на одредени протоколи, за кои Комисијата инсистира да бидат имплементирани етапно.
Ги информирав средношколците дека сите мерки и протоколи се донесени врз стручни анализи и препораки на Комисијата и се во интерес на заштитата на нивното здравје. Периодот кој следи може да биде ризичен и да донесе зголемен број заразени па затоа нагласив дека е потребно разбирање и соработка од сите, особено од младите.
Се‘ може да се надомести, но здравјето и човечкиот живот не. Се договоривме да продолжиме со комуникација и понатаму, се‘ со цел добра организација и имплементација на мерките за спроведувањето на наставата во претстојната учебна година“, изјави Филипче.