183
Според денешната статистика на министерството за здравство починати се 7 лица, тројца пациенти од Скопје (72г, 84г и 65г ), еден од Прилеп (65г), еден пациент од Тетово (62г), еден од Гостивар (74г) и еден пациент од Кичево (58г).
Сите се починати во болнички услови.Досега во земјата се направени вкупно 143.687 тестирања на ковид -19.
Нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14004, бројката на оздравени пациенти е 10722, на починати е 585, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2697.