Јанушев: Не гледам зошто било кој би размислувал во моментов за оставка, Мицкоски е легитимно избран на конгрес

од Aleksandar Petrovski
192 прегледи

„Не гледам зошто било кој би размислувал во моментов за оставка, бидејќи пред сѐ претседателот Мицкоски е легитимно избран на конгрес и има уште една година од својот мандат.

Во минатото, за разлика од било кој претходно, Мицкоски на маса го стави довербата на Централниот комитет. Доби апсолутна доверба и не гледам зошто тоа би го правел“, одговори генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ – Игор Јанушев, во вестите на „Сител“, прашан дали можеби лидерот на партијата размислува за повлекување и дали тоа е причината што од 13-август, денот кога Пендаровски му го додели мандатот на Заев, го нема во јавноста.