462
Момир Маричиќ, обвинител во Вишото Јавно обвинителство во Скопје и татко на кандидатот за министер за правда Бојан Маричиќ доставил барање за пензионирање веднаш по објавување на името на неговиот син за кандидат за министер, дознавам од наши извори.
Исто така, сопругата на Бојан Маричиќ нема да биде повеќе шеф на кабинет на министерот за правда и во наредниот период преку мобилност во службата ќе биде префрлена во друга институција.