Силјановска: Премногу тајкуни се појавија со приватизацијата, а на дното останаа осиромашени луѓе

од Aleksandar Petrovski
142 прегледи

Досегашните промени беа врз основа на договори или врз основа на притисок однадвор. Доста отваравме пандорини кутии, да се занимаваме со демократијата. – го започна говорот пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, по паузата.

– Таа истакна дека со една програма се направи влада, а со друга се трчало на терен. Затоа се појави и Левица, зошто остана простор на осирмашени луѓе кои во СДСМ не препознаа некој кој ги застапува нивните интереси. Премногу тајкуни се појавија со приватизацијата, а на дното останаа осиромашени луѓе. – рече Силјановска Давкова.

Програмата кога ќе ја читате и споредувате со други, нема карактер со други. Само насловите прочитајте ги. Она што треба премиерот итно да го направи е ветинг кој почнува со нас, па со администрацијата, а потоа на праг сме со преговори. Јас не видов стратегија, освен онаа во однос на менување на името. Што сега со договорот со Бугарија и Преспанскиот договор? Дали имаме концепт што ќе правиме? САД не подржува, но ЕУ не се исти. Мора да најдеме решение, во 26 амбасади немаме наш човек, како ќе бидеме активни? – заврши Силјановска Давкова.

Рече дека нема да гласа за владата.