„Ковид ножни прсти“: Ако ви се појават вакви промени, можеби сте заразени (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
382 прегледи

Сува кашлица, температура и губење на здив од почетокот на пандемијата се сметаат како главни симптоми на болеста Ковид-19. Со текот на времето, и некои други симптоми, како што се губење на чувството за вкус и мирис, се забележани кај различни пациенти, а според најновите откритија коронавирусот може да предизвика и промени на кожата.

Лекарите овие промени ги нарекоа Covid toes (Ковид ножни прсти) а најчесто станува збор за црвени или црвено-виолетови отоци кои се чувствителни, чешаат и/или создаваат чувство на „жежење“. Најчесто се појавуваат на ножните прсти, но и на петиците и прстите на рацете, пренесува IG60.com

Џоана Харп, американски дерматолог од Универзитетот Корнел, специјализирана за кожни заболувања поврзани со внатрешни болести, рече дека повеќето пациенти кои ја забележале оваа промена биле асимптоматски или имале благи симптоми и најчесто целосно се опоравуваат дома.

Хумберто Чои, доктор на клиника во Кливленд, објаснува дека не е невообичаено некој што има вирусна инфекција да добие осип или дамки на телото.

„Тоа може да се случи со други вирусни респираторни инфекции како сипаниците“, вели Чои и додава: „Оваа состојба може да предизвика мала блокада или микро-згрутчување на крвните садови кои се наоѓаат во ножните прсти“.

Слични содржини