Демократскиот сојуз предлага на Спасе Димоски да му биде доделен орден „8 Септември“

од Aleksandar Petrovski
150 прегледи

Демократскиот сојуз му изразува искрено сочувство на семејството на велешанецот Спасе Димовски, кој исчезна во водите на надојдениот поток кај велешкото село Белештевица на трети август. Димовски го загуби животот помагајќи им на екипи на ЕВН да се извлечат од калта предизвикана од надојдените води. И покрај масовната потрага, неговото тело беше пронајдено во водите на Вардар, дури три недели подоцна.

Изразувајќи безрезервна почит кон неговиот херојски чин на саможртва во спасувањето луѓе во неволја, Демократскиот сојуз му предлага на претседателот на државата, Стево Пендаровски, на Спасе Димовски посмртно да му го додели орденот „8 Септември“, а Владата и ЕВН финансиски да го помогнат неговото семејство.

Вечна му слава на херојот, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.