Втор ден по ред повеќе од 7.000 заразени со Ковид-19 во Франција

од Nikola Popovski
169 прегледи

Во Франција, во последните 24 часа се регистрирани 7.157 случаи на коронавирус, што е втор ден по ред, повеќе од 7.000 пациенти да бидат заразени, објавило Министерството за здравство на таа земја.

Рекорден број на заразени во Франција бил регистриран на 31 март, кога биле потврдени 7.578 случаи на коронавирус.

Вкупно 300.181 лице досега се заразиле со коронавирусот, објавило француското министерство, а во средата се регистрирани 7.017 нови случаи, пренесува Ројтерс.

Бројот на пациенти на интензивна нега, исто така, повторно се зголемил, петти ден по ред. Во последните 24 часа тој број е зголемен за 18, па сега 464 пациенти се на интензивна нега.

Слични содржини