362
Во Индија, бројот на заразени со коронавирус надмина четири милиони, забележувајќи најголем број на случаи за еден ден.
Министерството за здравство објави дека 86.432 лица биле заразени во последните 24 часа, така што вкупниот број се зголеми на 4.023.179.
Повеќето случаи во Индија се во западната држава Махараштра и четирите јужни држави Тамил Наду, Андра Прадеш, Телангана и Карнатака, но бројот на заразени нагло скока и во другите делови на земјата.
На глобално ниво, Бразил потврди 4.091.801 инфекција, додека 6.200.186 лица се заразени во САД, според Универзитетот Џон Хопкинс.
Индиското Министерство за здравство денеска пријави 1.089 смртни случаи, така што вкупниот број од почетокот на пандемија е 69.561.