Новак Ѓоковиќ откри дека се обидел да го добие гувернерот на сојузната држава Њујорк со цел да му овозможи на Адријан Манарино да го одигра натпреварот од третото коло на УС Опен.
Францускиот тенисер, непосредно пред почетокот на мечот со Саша Зверев, беше известен дека нема да може да излезе на теренот и дека е потребно следниот период да го помине во карантин во хотелска соба.
Манарино имаше контакт со заразениот Беноа Пер пред неколку дена, па беше тестиран неколку пати и секогаш беше негативен. Градот Њујорк, односно здравствениот оддел на овој град, му дозволи на Манарино да учествува на УС Опен, па тој играше непречено во првото и во второто коло.
Сепак, проблемот настана откако сојузната држава Њујорк и нејзината здравствена заштита ја презедоа контролата, по што тие му рекоа на францускиот тенисер дека мора да биде ставен во карантин, односно дека не може да игра против Ѕверев.
Се чинеше дека ќе биде така, но многумина се вклучија, а меѓу нив беше и Новак Ѓоковиќ, па одлуката беше променета и Манарино одигра натпревар против Германецот, кој го загуби со 3:1.
Набргу потоа, медиумите го замолија Ѓоковиќ да ја прокоментира ситуацијата, на што тој одговори дека тој лично се обидел да дојде до гувернерот за да може Манарино да биде на терен.
„Не сум задоволен од начинот на управување со ситуацијата околу француските тенисери“, рече Ѓоковиќ по неговиот натпревар со Штруф, кој го доби со чисти 3:0.