Стоилковски: Багерите да се упатат и на Попова Шапка (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
131 прегледи

„Заев и Ахмети рушат дивоградби ама селективно и на диво! Зборовите мафија и власт во Македонија се синоними и означуваат едно исто – криминал! Едните градат на диво, другите на диво легализираат, ама ако бидат фатени од јавноста – се руши! И тоа на диво! Кримитеатарот е премногу евтин! Ако навистина се за почитување на ред и закони, еве сега нека дојдат тука, на Попова Шапка!“, вели денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Зад мене порасна цело едно село, ама никој не смее да мрдне! Владее градежна анархија среде туристички зимски скијачки центар. Околу 80 објекти се градат на државно земјиште, среде она што треба да биде национален парк, а никој не ги руши, ниту пак одговара за тоа!

Општината Тетово и градоначалничката Теута Арифи, СВР Тетово, Јавното обвинителство, Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво, министерството за транспорт и врски – никој не реагира, иако граѓаните се здружија и бараат реакција!“, посочува Стоилковски.