„Како пратеници од опозицијата наша обврска и задача е да ги артикулираме проблемите на граѓаните со кои тие секојдневно се сретнуваат, се соочуваат во сите сегменти од секојдневието. За потсетување: Власта не успева да се справи со пандемијата и ефектите од истата се поразителни. АВРМ вели дека има 40.000 отпуштени работници, намален промет во економијата на големо и мало, помала наплата на даноци и помали приходи на фирмите. Секако, најголемата жртва на ваквото недомаќинско и неодговорно однесување на оваа власт ја даваат граѓаните по чиј џеб и живот удри оваа неспособна влада“, изјави Велика Стојкова Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Веќе очигледно е дека Владата нема стратегија за почетокот на образованието и на образовниот процес во основното, средното и високото образование, ниту пак план за работата на градинките. На удар е здравјето на младите и нервите на родителите кои се загрижени поради тоталниот хаос во факултетите, училиштата и градинките.
Министерството за образование нема соодветен план за он лајн настава ниту пак обезбедени доволно добри просторни услови за децата кои физички ќе посетуваат настава, а градинките се со исполнети капацитети со што постои реална опасност дека голем дел од родителите нема да имаат можност да ги згрижат своите деца во градинки.
Имајќи во предвид дека згора на овој хаос се става и тешкиот финансиски товар на родителите и младите во едни вакви економски услови и сиромаштија, како опозиција предлагаме план и мерки со кои владата мора да настапи веднаш“, посочува таа.