Стоилковски: Власта се уште ги крие вистинските одговори за случајот „Мавровка“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
180 прегледи

„Власта се уште ги крие вистинските одговори за случајот „Мавровка“. Не се знае ниту како дојде до тоа неколку бетонски катови да бидат изградени среде Скопје, на неполн километар од објектот на Владата на Република Македонија, уште помалку од централниот плоштад и директно спроти судската палата“, вели денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Она пак што Заев и Ахмети го кријат како змија нозе е како до вчера нарекуван „непознат“ и „мистериозен“ инвеститор одеднаш стана познат и тоа со документи во рака за легализација и со сметка за платени давачки, згора на тоа со издадени документи од Град Скопје на Петре Шилегов? И никој тоа не го демантираше!“, посочува тој.