441
На крстосницата на улиците „Борис Трајковски“, „Христо Татарчев“ и „Кумановска“ во Велес рано утрово во 03.30 часот се случила тешка сообраќајна незгода во која тешко повредена била 17-годишно девојче кое управувало со мопед „априлија“.
Во сообраќајката учествувало и патничко моторно возило „опел зафира“ со велешки регистарски ознаки, управуван од С.Д.(23) од Велес.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.